vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Ова е убедливо најголемиот емотивец во Зодијакот: Кога тој ве сака, тогаш навистина се чувствувате живи

ECA

Ракот е хороскопски знак кој се карактеризира со нагласена емоционалност и интуиција. Луѓето во овој хороскопски знак се раѓаат во периодот помеѓу 21 јуни и 22 јули.

Бидејќи Ракот претставува “мајка” во астрологијата, тој има потреба да почувствува дека другите го сакаат. Нив им треба признание и внимание за да чувствуваат среќа и задоволство. Раковите се многу чувствителни, грижливи и сочувствителни.

Со лицата во овој знак владеат емоциите – што е добро, што е лошо. Тие се склони да го анализираат минатото и да дозволат чувствата да владеат со нивниот живот, што не е добро за нив. Исто така, им се случува да ја заборават својата вредност и да помислат дека никој не се грижи за нив.

Бидејќи се премногу чувствителни, Раковите се плашат од одбивање и обично во животот играат на сигурно.

Со оглед дека емотивноста е основна карактеристика на Ракот, јасно е дека љубовта игра голема улога во нивниот живот.

Ракот е знак кој секогаш го става емотивниот однос пред физичкиот. Секогаш “плива” во емоции во кои често знае и да претера, а тоа значи дека честопати може тешко да се вклопи во светот кој го опкружува.

Сепак, кога ќе се спои со својата сродна душа, Ракот станува страстен и се грижи за саканата личност. Тешко ги руши ѕидовите кои ги изградил околу себе, но кога ќе стекне доверба, Ракот ќе ви се отвори и ќе ви каже сè што треба да знаете.

Важно е да се нагласи дека овој хороскопски знак не е површен во љубовта – лесно прави разлика помеѓу заљубеност и љубов и спремен е потполно да му се предаде на партнерот. Кога Ракот ве сака, тоа се разликува од сè останато – тогаш навистина се чувствувате живи.

Најкомпатибилни хороскопски знаци за Ракот се Бикот, Рибите и Шкорпијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts