vesti24.mk
ЗАБАВА

Ова прашање е дрско и безобразно, престанете да им го поставувате на жените

ECA

Сите ние кои сме родени, растени и сѐ уште мачиме маки со Балканот, сметаме дека само во ова наше парче територија луѓето сакаат да го пикаат носот каде што не им е место и да поставуваат непристојни прашања, да ви ги бројат крвните зрнца, да ѕиркаат во вашиот паричник, чинија и кревет. Ова не е баш точно, бидејќи, верувале или не, луѓето насекаде низ светот знаат да бидат непристојни, но тоа и не е некоја олеснителна околност.

Од сите непримерни прашања постои едно кое се издвојува во морето од останати прашања, прашање кое секогаш им се поставува исклучиво на жените. Прашање кое е себично, непристојно, безобразно и едноставно одвратно.

Се работи за прашањето: „Кога ќе раѓаш (уште едно дете)?

Можеби некои од вас кои моментално ги читате овие редови или кои редовно го поставувате ова прашање не гледате ништо лошо во него, но верувајте ни на зборот дека крајно време е да престанете. Престанете со поставување глупави прашања кои немаат никаква врска со вас. Едноставно престанете. Еве и зошто…

Болна тема

За некого оваа тема можеби е само незадолжително муабетење, но за некого може да биде болна рана за која не зборува ни со самата себе, ниту пак со познаници кои случајно ги сретнала на улица. Можеби личноста на која сте ѝ го поставиле ова прашање веќе со месеци или со години зема терапија за плодност. Можеби секој месец прави тест за бременост кој цело време е негативен. Можеби таа личност имала или има здравствени проблеми поради кои не може да има деца. Можеби имала еден или неколку спонтани абортуси од кои никогаш не заздравила. Кога ќе го поставите ова прашање, вие немате поим низ какви работи поминува таа личност и вашето прашање: „Што чекаш?“ или „Глупаво е твоето дете да нема сестра/брат“, сигурно нема да помогне на ниту еден начин.

Некои жени едноставно не сакаат деца

Да, постојат и вакви жени, жени кои едноставно немаат мајчински инстинкт, сметаат дека дете нема никако да им го збогати животот. Тие сакаат на поинаков начин да го градат својот живот, сакаат да бидат слободни, да патуваат, да градат кариери.

И ТОА Е НИВНО ПРАВО!

Некои парови сакаат да имаат само едно дете

Како мајка на син единец, често се соочувам со ова прашање и тоа веќе со години. Некогаш ми доаѓа преку глава, некогаш почнувам да се правдам, но кога некој ќе ми каже: „имате САМО син“, ми доаѓа да вриштам на цел глас.

Како тоа мислите САМО син?

Каде тоа се мери која е повеќе мајка, онаа која има САМО едно или онаа која има 5? Ве молам кажете ми за да отидам и да откријам колку сум јас мајка и дали ви ги задоволувам вашите критериуми.

Во еден момент бев одлучна да имам уште едно дете, но имав спонтан абортус по кој никогаш целосно не заздравив, иако ми велеа дека е нормално и дека тоа ѝ се случува на секоја втора жена, но чувството на празнина и страв остана длабоко всаден во мене. Сега повеќе не сум сигурна дали сакам уште едно дете. Ние тројца сме одличен и синхронизиран тим и понекогаш се плашам дека уште едно бебе би ја нарушила таа синхронизираност.

Има жени кои имале многу тешки бремености и пораѓања и после кои едноставно не сакаат повторно да проаѓаат низ истото. Има жени кои од старт сакале само едно дете.

И ТОА Е НИВНО ПРАВО!

Одлуката за тоа колку деца ќе има, треба да ја донесе исклучиво жената, секако во договор со нејзиниот партнер или со оној кому таа ќе му даде право да даде мислење на таа тема. Ве молам немојте ова прашање да им го поставувате на жени за кои вие сте само познаници, колеги, соседи, итн. И ако немате нешто попаметно за зборување, секогаш можете да зборувате за времето.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts