vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Ова се најголемите заводнички во хороскопот

ECA

Припадничките на некои од знаците во Зодијакот многу лесно можат да ги освојат мажите од останатите.

На нивниот шарм припадниците од машкиот пол, брзо „паѓаат“, а каде и да се појават привлекуваат големо внимание.

Девица

Припадниците на овој знак се на тронот, кога станува збор за заведување. Тие се многу емотивни, но знаат да ги контролираат своите чувства. Своите желби и планови секогаш ги чуваат за себе, таинствени се и достоинствени, а мажите ги освојуваат со својот шарм.

Водолија

На второто место се припадниците на овој хороскопски знак, кои што имаат високи очекувања од својот партнер кој што не планираат да го сменат. Партнерите секогаш треба да ги третираат со почит. Тие се сензуални и интелигентни и многу сакаат да се забавуваат.

Вага

На третото место по заводливост се Вагите. Женствени се, паметни, елоквентни и активни. Кога ќе се појави некаков проблем тие веднаш знаат да најдат решение. Од мажите очекуваат да се грижат за нив, па дури и во финансиска смисла.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts