vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Ова се работите кои жените сакаат да ги чујат во текот на сексуалниот однос

ECA

Зборовите навистина можат да бидат моќен афродизијак во креветот. Секој има свои желби додека води љубов, но овие 5 реченици ќе им се допаднат на поголемиот дел од жените.

1. Кажи ми што сакаш

Митот за тоа дека мажите треба да ги читаа мислите на жените кога станува збор за водењето љубов, одамна сме го заборавиле. Доколку нешто сакаме, тогаш тоа треба да го кажеме, а уште поубаво е кога мажот сам ќе се заинтересира да ја задоволи својата партнерка.

2. Да, имам кондом

Самосвесните жени сами ќе се погрижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дали нивниот партнер се грижи за тоа и дали е свесен колку е важно да се биде сексуално одговорна личност.

3. Ти се допаѓа ли тоа што ти го правам?

Срамежливите жени можеби нема веднаш да му дадат до знаење на својот партнер што најмногу им одговара. Поради тоа ова едноставно прашање е ефикасен начин мажот да дознае дали жената се чувствува добро во текот на водењето љубов.

4. Ги обожувам твоите…

Сите понекогаш се чувствуваме по малку несигурни во текот на водењето љубов, па секогаш е добро од партнерот да слушнете што најмногу му се допаѓа кај вас и од што никогаш не му е доста. Таков искрен комплимент во интимните моменти на жените им ја зголемува самодовербата.

5. Фантастична си

Мажите обожуваат кога жените ќе ги пофалат нивните сексуални вештини, но зошто тие да не ги пофалат жените? Квалитетниот секс е двонасочен процес во кој мора да владее еднаквост.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts