vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Од рубриката „Заеви розови очила, ајде да одиме на избори“: Макрадули со фанфари ќе потврди промена на прозорци во училиште?!

ECA

Ако се сомневавте во сериозноста на ова несериозна влада за одење на избори на 5.јуни, една вест веројатно ќе ве предомисли. Најверојатно, ќе го смени и вашето мислење за заменик-министерот за екологија Макрадули. Зошто?

Затоа што Јани Макрадули, по ден со огромни 7 смртни случаи и морбидн 125 заарзени,  утре активно учествува во Заевата розова прикаска дека се’ е во ред и дека треба да се оди на избори.

Да, верувале ли не, Макрадули утре ќе посведочи, иако никој не знае зошто и за прикаска за која постојано за 10 пати поголеми работи се каљаше минатата влада, сега треба да „утврди“  дека некој ги сменил прозорците на училиште во општина Кисела Вода. Заедно со партискиот градоначалник, се разбира.

Ако не верувате, еве што среде наплив на корона и според официјалното владино соопштение, утре ќе прави Макрадули, 12 часа откако неговата Влада самоволно, без  никаков консензус, си прогласи избори на 5-ти јуни.

„Утре, четврток, 11.06.2020 год, во 12 часот градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски  зам. Министерот за животна средина Јани Макрадули, ќе извршат увид во градинката 8 Март, објект Расадник, во која завршија активностите за замена на вратите и прозорците. Ве покануваме со ваша екипа да го проследите настанот.“

Замислете само да беше која било друга влада, најверојатно на ВМРО-ДПМНЕ,  така во ваква ситуација со стотици заразени и дузина мртви секој ден да одеше да констатира промена на прозорци во училиште, како дел на владиниот евтин пи-ар?

Веруваме, дека невладините кои се вгнездија во владините кабинети и сега се ВО, не НВО, ќе реагираат остро на оваа вест и ќе дигнат дузина шатори пред владата која сега е во владение на техничкиот Спасовски. Тоа, со сигурност ќе се случеше пред  три години и 12 дена.

Еинствената констатација која произлегува од сторијата е дека некој стартува со кампања и наметнување на розови очила, како и дека некој е морбидно сериозен и сака да оди на избори на само 24 дена од она што на план на корона и КОВИД-19 и се случува на Македонија.

Друго прашање е, кој ќе ја преземе одговорноста за можна зараза на присутните стотина „славеници“ кои чествуваат бедна промена на прозорци во време на нов пик на КОВИД-19?

извор:курир.мк

Loading...

Related posts