vesti24.mk
ЗАБАВА

Оревите помагаат против стрес

ECA

Нервниот систем може да се одржува стабилен, меѓу другото, и со помош на ореви, изјави диетологот Маргарита Корољова за списанието „Нејшн њуз”.

Според неа, оревите помагаат за поздрав нервен систем, благодарение на витаминот А, Е и К и на масните киселини што се содржат во нив. Тоа е зашто главниот мозок, во повеќе од една третина се состои од масти.

За поцврст нервен систем може да послужат производи што содржат и поголема количина витамини од групата Б, како и стероиди. Тоа може да биде зеленчук, зрнеста храна, зелена салата и мешунки. Сѐ тоа е здраво за целото човеково тело, па и за нервниот систем.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts