vesti24.mk
ВЕСТИ

Откако без маска беше во друштво на Спасовски денеска Заев се тестираше- еве го резултатот

ECA

Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук-профил објави дека го добил резултатот од тестот за КОВИД-19 и дека тој е негативен.

-Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, порача Заев на ФБ.

Синоќа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук-профилот објави дека е позитивен, по што премиерот Заев најави дека ќе се тестира, иако, како што рече, немал директни контакти со него, и оти тие што ги остварил биле со почитување на сите заштитни мерки.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts