vesti24.mk
ВЕСТИ

Павле Богоевски: Какви уставобранители, терористи се

ECA

По денешниот протест за ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година екс пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски на социјалните мрежи напиша дека осудените за крвавиот четврток се терористи и ништо друго!

„Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Член 313 КЗ на РМ

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).

Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа“, напиша Богоевски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts