vesti24.mk
ВЕСТИ

Панова:Тоа што Фрчковски нема да биде амбасадор во САД не би ме изненадило затоа што оваа Влада има многу недостатоци

ECA

Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за последната информација каде Љубомир Фрчковски нема да биде амбасадор во САД и според неа тоа не е воопшто изненадувачки затоа што и во изминатиот период се увиде дека оваа влада има одредени недостатоци.

-Ова не е чудно. Видовме во изминатиот период дека повеќе високи функционери можеби немаат НАТО сертификат и оваа е џубокс влада затоа што видовме дека има одредени недостатоци во одредени кадри и не би ме ми претставувало изненадување ова да се случи сега и со амбасадорот. Сертификати немаат министерот за правда, министерот за внатрешни работи, сеуште официјално не излегле со информација или демант на тоа дека не поседуваат НАТО сертификати, рече Панова во своето своето гостување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts