vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Парични загуби за Овенот, емотивни предизвици за Девицата: Месечен хороскоп за октомври 2020

ECA

Овен

Работа: Овој месец можно е да се соочите со финансиски загуби, па поради тоа што ќе имате намален фокус и концентрација. Бидете подготвени да го менувате правецот кога е потребно и да се адаптирате на ситуацијата. Некое лице ќе ви понуди помош, па би било добро истата да ја прифатете бидејќи ќе сфатите дека тоа ќе ви ги олесни работите во голема мера. Сепак, држете ги на око оние колеги кои не се пријателски настроени кон вас.

Љубов: Ако сте во врска: На ова поле доаѓате до точка кога ќе исполните многу желби и очекувања на партнерот, но нема да знаете како се чувствувате во однос на тоа. Затоа, наместо да анализирате оставете да видите како ќе се одвиваат работите и се да дојде на свое. Потребно ви е да го задржите своето трпение и стабилност и да покажете колку ви значи саканата личност. Октомври е месец кога многу врски ќе бидат ставени на тест, па затоа не дозволувајте да бидете премногу импулсивни и драматични.

Ако сте слободни: Слободните Овни ќе треба да ги проценат умешно новите познанства и да направите разлика меѓу оние кои ве интригираат и кои имаат потенцијал и оние кои не ви носат никаков квалитет. Не правете место за оние работи кои не ве прават среќни. Можеби ќе се чувствувате анксиозно бидејќи ќе сакате да ја сретнете својата сродна душа, но ништо нема да постигнете ако ги форсирате работите. Однесувајте се одважно, но не и лекомислено. За некои Овни доаѓа и важна љубовна лекција.

Здравје: Пробајте да ја смените средината и да минувате повеќе време во природа.

Бик

Работа: Овој месец нема многу да заработувате, односно имате трошоци кои ќе ве изненадат и ќе го уништат вашето расположение. Сепак, не дозволувајте тоа да влијае на работата, бидејќи овој месец имате многу обврски кои морате да ги завршите. Најдобро ќе функционирате ако работите сами, или пак ако ви е доверена задача во која ќе имате слобода да се изразите и да постапите по сопствено уверување. Последната недела во октомври ви носи зголемена можност за заработувачка.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе бидете преплавени со емоции, пробајте да останете емоционално вклучени, но и објективни. Можно е во одредени ситуации да имате потреба да започнете конфликти, но за тоа нема потреба овој месец. Пробајте да направите разлика меѓу вашата тврдоглавост и вистинската потреба да се дискутира за некои теми. Сослушајте ги приговорите од саканата личност со отворен ум и не делувајте импулсивно и со инает. Ако успеете да го избегнете тоа, октомври ќе биде емотивен месец исполнет со романтика.

Ако сте слободни: Слободните Бикови се заглавени во своите мисли и длабоки анализи. Можно е да ви пристапуваат повеќе интересни личности, но вие како да не ги забележувате. Потрудете се на продуктивен начин да ги канализирате своите чувства. Тоа ќе ви помогне да се впуштите во она што ви е потребно овој момент, без оглед на тоа дали е тоа авантура или романтика.

Здравје: Можни се проблеми поврзани со вратот, мигрена, главоболки.

Близнаци

Работа: Овој месец ќе се соочите со ситуација кога ќе сакате да се откажете од одреден проект, но тоа ќе се покаже како грешка бидејќи во истиот момент штом посакате да се откажете ќе го сфатите огромниот потенцијал на таквата идеја и ситуација. Избегнувајте ситуации и конфликти со луѓе кои ви носат негативна енергија, бидејќи овој месец нема да успеете да бидете премногу тактични и добро да се поставите кон нивните сплетки. Ќе ги остварите поголем дел од своите планови, но ќе треба да најдете време и за планирање за следните месци.

Љубов: Ако сте во врска:Ова е период во кој ќе треба да тактизирате со саканата личност, но и во семејните односи. Пробајте да ги исполните барањата, да ги премолчите примедбите и да постапите умно во однос на некои ситуации. Тоа не значи дека треба да го прифатите тоа што не го сакате, туку едноставно да бидете подипломатични. Пуштете го партнерот да ги искаже своите желби, а вие само мудро набљудувајте и видете каде можете да покажете компромис овој месец. Не трошете многу енергија за да го истуркате своето, ништо не е вредно за тоа овој октомври.

Ако сте слободни: Слободните Близнаци ќе се соочуваат со потреба да се ослободат од минатото – можеби ќе се појави некоја личност од минатото со која ќе сакате да расчистите некои работи, или пак некоја емоционална ситуација која ќе ви помогне да научите важни лекции. Сосредоточете се на себеси, другата личност е тука само како огледало. Ова е можност да ги согледате своите грешки и да не ги повторувате.

Здравје: Можни се проблеми со грбот и кичмата.

Рак

Работа: Овој месец соработката ќе оди одлично, а приходите ќе бидат стабилни. Се движите во друштво на стабилни и влијателни луѓе, па така тоа ви годи за да ги реализирате своите идеи. Време е да ги процените своите досегашни достигнувања, да поставите нови цели и да побарате поддршка за реализација на вашите идеи. Не носете никакви брзи заклучоци и што и да се случи потрудете се да останете смирени, бидејќи ништо не е толку лошо колку што мислите.

Љубов: Ако сте во врска: Овој октомври, ќе добиете признание за своето трпение и труд, како во љубовните односи, така и во останатите аспекти од вашиот живот. Партнерот ќе ја цени вашата способност да постигнете компромис, но и да бидете тактични и нежни. Ќе се чувствувате поблиски од било кога, а тешкотиите ќе ги надминувате смирено и достоинствено. Ова е месец кога љубовта е баш онака како што треба да биде за вас.

Ако сте слободни: Слободните Ракови ќе се чувствуваат стабилно, без оглед на тоа дали се сами или почнуваат романтична приказна. Фокусирани сте на своите мисли, својот внатрешен живот, преиспитување и медитација. Полека, го избегнувате хаосот и го туркате надвор од својот живот и го наоѓате својот мир на ова поле.

Здравје: Можни се главоболки и проблеми со видот.

Лав

Работа: Можни се корисни познанства овој месец особено доколку одите на професионално патување, конференција или состанок. Не се впуштајте во никакви ризични потфати овој месец и анализирајте како се однесуваат шефовите кон вас бидејќи тоа може да ви испрати важна порака. Споделувајте ги своите идеи со колегите, бидејќи тоа може да ви даде и важен увид во работата, но и да ви донесе нови идеи. За некои Лавови можна е понуда за работа од соништата.

Љубов: Ако сте во врска: Промените кои ги доживувате на лично ниво не се поврзани со врската, ниту пак со професионалното поле, но сепак се одразуваат на вашата врска. Посветете се на својот духовен и интелектуален развој, но покажете и на саканата личност низ што минувате и колку ви е важна нивната поддршка. Не носете брзи заклучоци за ништо во вашата врска и одете чекор по чекор, бидејќи ова се големи промени. Најважно е да им покажете колку ви значат и колку се сакани.

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе се чувствуваат збунето, некои работи ќе ве вознемируваат, но нема да можете да адресирате што е тоа. Одвојте време за себе, проценете ги односите со луѓето кои ве окружуваат и донесете одлука што е она што го сакате. Прифатете ги своите промени во расположението и сфатете дека сето ова е процес низ кој морате да поминете.

Здравје: Можни се настинки и кашлица. Редовно одете на лекар.

Девица

Работа: Потрудете се да не бидете арогантни и да не се поставувате надмено кон колегите. Задржете ја сериозноста и одговорноста кон работата и бидете свесни дека тоа е гаранција за успех овој период. Во овој период на прво место ќе биде вашата креативна енергија и потреба да создадете нешто ново и ќе успеете во тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Овој период ви носи многу предизвици – емоциите ќе бидат на површина и ќе ви биде тешко да ги контролирате. Воздржете се од расправии и бидете трпеливи, а во меѓувреме занимавајте се со своите мисли и постапки. Бидете одговорни за тоа како се поставувате кон саканата личност.

Ако сте слободни: Слободните Девици ќе сакаат своите длабоки чувства да ги скријат позади весела и слатка фасада, но тоа нема да биде така лесно овој октомври. Можеби нема да успеете да го скриете своето разочарување, но бидете отворени кон тоа да ја покажете својата ранливост и емоции. Потребна ви е поддршка, потпрете се на некој кому му верувате.

Здравје: Можни се главоболки, настинки и болки во кичмата.

Вага

Работа: Блиску сте до исполнување на своите цели, но постојат многу барања и ситници на кои треба да внимавате и тоа ви го одзема фокусот. Промените кои се наметнуваат претставуваат отскочна даска за многу убави промени кои ве очекуваат, па затоа не се плашете од тоа. Имате поддршка од планетарната енергија, па можен е финансиски прилив кој не го очекувате. Немате потреба никаде да брзате со своите одлуки, делувајте како што сметате дека треба во секоја ситуација.

Љубов: Ако сте во врска: Во партнерските односи ќе бидете тактични и трпеливи, ќе бидете опуштени со саканата личност и добро ќе се запознавате. Ако имате барања или примедби, потрудете се да ги адресирате на соодветен начин и да не создавате тензија во врската. Потсетете се на тоа што ви е важно во врската и фокусирајте се на тоа.

Ако сте слободни: Слободните Ваги ќе бидат многу харизматични и ќе шират одлична енергија околу себе. Сепак, ќе ви биде тешко да ги пуштите другите блиску до себе и да ги покажете своите чувства. Бидете љубезни и одете чекор по чекор, нема зошто да се плашите.

Здравје: Потребен ви е одмор, можен е пад на имунитетот и стрес.

Шкорпија

Работа: Не е момент за драстични промени на ова поле, па затоа не правете големи планови, туку одете чекор по чекор. Подгответе го теренот и бидете подготвени за акција. Дајте им помош и поддршка на колегите, зацврстете ги своите позиции на работа и покажете праведност и доследност. Прашањето на доверба е клучно за тимската работа, а тимот е клучен за завршување на сите преостанати задачи овој период. Не вложувајте во нови и непроверени проекти.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е период кога интуицијата ќе ви биде на високо ниво, па ќе бидете понежни во комуникацијата со саканата личност. Ќе успеете и да ги изразите своите желби, така што целиот месец добро ќе се разбирате со саканата личност. Ова е добар период за зближување, но и заеднички планови за иднината. Уживајте во сите убави нијанси на вашиот однос.

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе посакаат да привлечат нечие внимание, но не се потпирајте на начините кои ви се сигурни, туку потрудете се да бидете иновативни. Покажете иницијатива, покажете интерес и останете отворени. Не се трудете да бидете тврдоглави, само опуштете се.

Здравје: Можни се проблеми со видот и очниот притисок.

Стрелец

Работа: Овој период носи проблеми на работното место, па ќе морате да покажете трпеливост и одговорност, но и одлучност за важни прашања. Ако сте унапредени неодамна, ова е период кога ќе морате да ја оправдате својата доверба и да покажете способност, компетенции, колегијалност, но и иницијатива и мотивираност.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е мирен период во партнерските односи, уживате во плодовите од градењето на вашиот однос и се препуштате на мирот и блискоста. Дури и да не се сложувате за некои ситници, лесно ќе доаѓате до компромис овој месец. Ова е и добар период за заедничко планирање и вложувања.

Ако сте слободни: Ова е месец кога слободните Стрелци ќе посакаат да се покажат и докажат, но ако некој ви се допаѓа, не глумете, туку трудете се да бидете свои. Ова е добар период за романтична врска со личност која ви се допаѓа веќе некое време.

Здравје: Внимавајте на повреди.

Јарец

Работа: Држете се до своите принципи и не дозволувајте туѓите ставови да ве оддалечат од вашата цел. Можностите за успех ви се отворени особено ако работите самостојно. Бидете систематични, смирени и трпеливи а ако морате да влегувате во конфликти водете се од правилото дека паметниот попушта, барем овој период.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е месец во кој ќе се чувствувате ранливо и раздразнето. Партнерот ќе ве преплавува со своите проблеми, а вие постојано ќе бидете на работ на нервите. Но, пробајте да се смирите, да бидете тука за саканата личност и да помогнете колку можете. За вас ќе биде голем предизвик да поставите здрави граници, но и да не се одалечите од партнерот и да не го повредите.

Ако сте слободни: Слободните Јарци ќе бидат мета на интерес на повеќе различни личности, кои делуваат интересно на прв поглед. Сепак, бидете резервирани кон таквиот однос и не дозволувајте да бидете целосно заведени од нечии слатки зборови. Останете на дистанца и покажете – времето ќе ви покаже кој го заслужува вашето внимание.

Здравје: Пробајте да се ослободите од стресот и анксиозноста.

Водолија

Работа: Водете сметка за својот пристап и зборовите кои ги упатувате кон колегите и соработниците. Многу веројатно е дека во некои ситуации ќе оставате погрешен впечаток особено пред оние кои не ве познаваат.Анализирајте ја својата позиција, поставете ги своите приоритети и организирајте се добро. Ако знаете што сакате, лесно ќе најдете начин како да го постигнете тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Во партнерските односи имате тенденција да бидете остри, нетрпеливи и саркастични, а на саканата личност тоа нема да и се допаѓа и можно е да се постави грубо кон вас. Иако сте на различна бранова должина, потрудете се да бидете отворени еден кон друг и да го зачувате тоа што го имате во врската. Уверете ја саканата личност дека вашите чувства не се сменети.

Ако сте слободни: Слободните Водолии би можеле да се најдат во ситуација за да ги задржат своите одбранбени ѕидови и да се соочат со стравот од тоа да се отворат кон другата личност. Не ги спречувајте другите да ви се приближат, особено оние кои ви делуваат дека имаат искрени намери. Бидете внимателни, но не и целосно затворени.

Здравје: Можни се проблеми со грбот и вратот.

Риби

Работа: Октомври е месец на зголемена продуктивност, како и собирање на плодовите од вашите претходни напори и вложувања. Можеби ќе добиете понуда која одамна сте ја посакувале, па бидете внимателни како ќе се поставите во однос на тоа. Инспирирани сте и полни со идеи, ако почувствувате пад на самодовербата, потрудете се брзо да го смените тоа.

Љубов: Ако сте во врска: Чувствувате потреба да преземете иницијатива во врската, но на начин кој е ненаметлив за саканата личност. Пробајте да ја канализирате агресивната енергија и да бидете фини кон саканата личност. Партнерот веројатно разбира како се чувствувате, но ќе треба да бидете вешти во комуникацијата.

Ако сте слободни: Слободните Риби чувствуваат занес кон некоја личност, кој брзо ќе пројде. И да се разочарате, не дозволувајте тоа да влијае на вашата реалност и сегашност. Не се провоцирајте од туѓото однесување, направете го тоа што е најдобро за вас.

Здравје: Можни се главоболки.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts