vesti24.mk
Uncategorized

Партизан со петка до 27-мата шампионска титула (ВИДЕО)

ECA
Фудбалерите на Партизан ја освоија шампионската титула на Србија откако во последното коло ја совладаа екипата на Младост пред полните трибини во Хумска со 5-0.

Избраниците на Марко Николиќ во последното коло влегоа со предност од три бода во однос на Црвена ѕвезда, па и реми им беше доволно за освојување на титулата, но „црно-белите“ фантастичната сезона ја завршија со убедлива победа.
Во славеничка атмосфера во Хумска, одличните голови ги постигнаа Леонардо во 18-тата и Јевтовиќ во 37-мата минута, а убедливата победа во продолжението ја заверија Леонардо уште еднаш, Јанковиќ и Косовиќ.
Партизан на доминантен начин дојде до 27-мата шампионска титула, со што повторно се изедначи со најголемиот ривал Црвена ѕвезда.
„Црно-белите“ се во серија од 36 натпревари без пораз (пет ремија) во двете натпреварувања, а им преостанува уште финалето на Купот токму против „црвено-белите“ на 27-ми мај, кога и официјално ќе биде завршена сезоната 2016/17.
Црвена ѕвезда со хет-трикот на Боачи го победи Раднички од Ниш на домашен терен со 4-0 и завршува на второто место, додека фудбалерите од Ниш се петти со 32 бода.

Loading...