vesti24.mk
ВЕСТИ

Петкоска: Со избрзано носење на нефункционални закони на хартија тонеме како држава

ECA

Со практиката на избрзано носење на нефункционални закони на хартија тонеме како држава затоа што кога политиката е над сè, сите шанси за напредок потонуваат!
Законот за учебници кој преку ноќ влезе во собраниска процедура не може да профункционира. Пред само три дена пратеничката Жаклина Лазаревска и претседателка на собраниската Комисија за образование, наука и спорт се пофали дека законите кои ќе влезеле во собраниска процедура ќе донеселе нов квалитет во образованието. Но, само два дена потоа, Предлог законот за учебници е повлечен од собраниска процедура и тоа го повлекува самиот предлагач!
Свесни ли сте дека со овие избрзани постапки ги збрлавевте и наставниците и родителите и што е најжално учениците!?
Да, реформите во образованието се мозаик составен од повеќе компоненти и ако сакаме квалитетно образование, тој мозаик треба да биде функционално и правилно составен, да ги има средено многуте делови. Но вие до толку ги измешавте коцкичките од мозаикот што ниту се знае кои делови фалат, ниту пак, е возможно да се состави целосната слика наречена образование! Така насилно и без никакви анализи ги туркате новините во образованието, што никој, па ни вие не знаете што потоа?
Што правите вие, сте се запрашале ли? Божем барате секој да даде свое видување за образовните политики, а на крајот на денот само вашите видувања ги ставате на хартија, за ден-два потоа да сфатите дека не можат да профункционираат и да ги повлечете законите кои сами сте ги предложиле!
И сега кој ги кочи процесите, кој ги злоупотребува учениците?
Одговорот е до толку очигледен, што не мора да биде напишан.
Како ја терате работата, за брзо ќе ви се случи НАРОД и за состојбите во образованието!

Фејсбук статус на Лидија Петкоска

извор:курир.мк

Loading...

Related posts