vesti24.mk
ВЕСТИ

Петрушевска му одговори на Османи: Ширењето на лажни вести зготвени од кујната на вашиот коалиционен партнер не нé водат кон мостови на соработка и датум за отпочнување на преговорите

ECA

Ширењето на лажните вести зготвени од кујната на вашиот коалиционен партнер не водат кон мостови на соработка и почит, а сигурно не и кон ДАТУМОТ за отпочнување на преговори со ЕУ, му порачува на министерот Бујар Османи, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска.

Во продолжение обраќањето на Петрушевска до Османи:

Почитуван министер Османи,

Словенија е наш партнер и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија.

Би сакала да верувам дека не сте соодветно информирани па затоа вашата “опомена” заталкала во каналите на политиканството.

Сакам да ви помогнам и да ви укажам дека истата е потребно да ја адресирате до г-динот Зоран Заев, вашиот коалиционен партнер.

Ширењето на лажните вести зготвени од кујната на вашиот коалиционен партнер не водат кон мостови на соработка и почит, а сигурно не и кон ДАТУМОТ за отпочнување на преговори со ЕУ.

Имајќи во предвид дека Словенија претседава со Советот на ЕУ од втората половина на 2021, апелирам дневното политиканство да го оставите настрана и покажете стратешки пристап и партнерски однос, а креаторите на лажните вести од вашите редови да ги советувате (опоменете) и повикате на одговорно и европско однесување.
Време е за европски вредности, видливи резултати и подобар живот.

п.с.
На именуваните економски советници им посакувам успешна работа. Македонија и граѓаните повеќе од било кога покрај здравствената имаат потреба и од сериозна економска помош, пишува Петрушевска во својата објава.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts