vesti24.mk
ВЕСТИ

Петрушевски: Да се испита незаконското работење во Општина Куманово, кое веќе стана гнездо на сериозни криминали поврзани со високи функционери на локално ниво во СДСМ

ECA

Како пратеник, го поздравувам тоа што конечно некоја институција се охрабрила да врши испитувања на незаконското работење на се што се случува во Општина Куманово, кое што стана веќе гнездо на сериозни криминали поврзани со високи функционери на локално ниво во СДСМ, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Ова е конкретно случај кој што одреден човек близок до градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски од позиција на одговорен за проекти префрлувал пари но на кошаркарски клуб „Куманово“ каде што истиот се јавува како претседател на тој кошаркарски клуб. Се работи за сериозни цифри во милионски износи. Ова е сериозна индикација за криминал преку испумпување на пари од општината, преку кошаркарскиот клуб „Куманово“. И јас ги охрабрувам и другите институции пред се Јавното обвинителство, Финансиската полиција, МВР да испита каде се завршувале средствата од кошаркарскиот клуб „Куманово“, кои што ги дотирала општината, и на кого се се исплаќани плати, и да не случајно помеѓу исплатените плати од кошаркарскиот клуб „Куманово“ исто така има и други високи функционери на СДСМ. Се надевам дека ќе има слична завршница како и случајот со Рашковски за тоа што и таму започна се од Државната комисија за спречување на корупција, а ги презеде случаите Обвинителството. Се надевам дека и тука ќе се охрабри Обвинителството да го испита сомневање за незаконското финансиско работење на Општина Куманово.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts