vesti24.mk
ЗАБАВА

Пет начини како да се справите со несоница

ECA

Иако проблемите со секојдневието треба да ги оставиме надвор од спалната соба, ние речиси секогаш ги носиме со нас и од нив не можеме да заспиеме.

Проблемот настанува кога сфаќаме дека и покрај тоа што лежиме во креветот повеќе од половина час ние сме будни. Несоницата е еден од главните проблеми на денешницата.

Пет едноставни правила кои треба да почнете да ги применувате пред да заминете на доктор:

1. Доколку не можете да заспиете за половина час, станете

Психолозите препорачуваат да се стане од креветот доколку не се заспие за 30 минути. Учењето на вашиот мозок, дека спалната соба е местото кое ви создава грижа со часови поради несоницата е лоша навика.

На некого му се потребни, вели психологот О`Донован, осум саати сон, но на некого му се доволи и шест;

2. Читајте книга, наместо да гледате во екранот на мобилниот

Ова е стара техника кој се применува долго време, но со воведувањето на паметните телефони, најчесто пред заспивање сите проверуваат што се случува на социјалните мрежи. Додека пак, многу истражувања покажуваат дека гледањето во екранот пред да се заспие влијае лошо на сонот. Затоа оставете го мобилниот подалеку од вас и земете добра книга;

3. Пред спиење јадете полесна храна

Доколку јадете некоја потешка храна пред спиење, голема  е веројатноста дека ќе ви треба повеќе време за заспивање. Но, доколку сте вечерале, а во меѓувреме повторно се чувствувате гладни, тогаш се препорачува да земете нешто интегрално или пак во нормални количини овошје или зеленчук;

4. Сепак и смартфонот може да помогне

Иако докторот нема да ви го препорача мобилниот како средство за спиење, сепак смартфонот можете да го искористите за да симнете некоја апликација со музика за пред спиење и да ја пуштитте откако ќе си легнете;

5. Прaвате вежби со дишење

Уште еден начин за да си ги смирите мислите пред спиењето е правењето на вежби за дишење. Ставете ја едната рака на градите а другата на стомакот, Земете воздух преку нос за околу 2 секунди, почувствувајте како стомакот ви се проширува, а потоа додека го испуштате воздухот полека притиеснете го стомакот. Оваа вежба повторете ја неколку пати.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts