vesti24.mk
ЗАБАВА

План за детокс: 5 начини за враќање на енергијата

ECA

И на телото му треба чистење од време на време, затоа немојте да бидете мрзливи, бидејќи за тоа ви треба само малку волја, а придобивките што ги добивате се многу значајни – една од првите добри работи е обновување на енергија.

Прејадувањето со специјалитети и пиењето вино влијае не само на вашата фигура, туку и на кожата на лицето. Се разбира, не сакаме да кажеме дека мора да се откажете од добра храна и да „се фрлите“ на енергичен тренинг, но со овие пет трикови ќе го забрзате метаболизмот и ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро.

1. Во текот на денот, пијте околу 1,5 литар вода со малку свежо исцеден лимон.

2. Негувајте ја уморната кожа на лицето со маска – едноставно направете ја од јогурт, малку банана и лажица мед или маслиново масло.

3. Брза прошетка – половина час е доволен, а доколку имате еден час слободен, поминете го на свеж воздух. Ова ќе ви помогне да се ослободите од надуеноста.

4. Јадете овошје – навистина ви требаат витамини. Портокалите и мандарините се одличен избор затоа што се полни со витамин Ц.

5. Направете 30 скока „jumping jack“ (скокајте додека ги кревате рацете над главата и ги ширите нозете нанадвор). Ова ќе ја стимулира циркулацијата и ќе ја врати бојата на образите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts