vesti24.mk
ВЕСТИ

Плевнелиев: Гоце Делчев е заеднички херој и за Бугарија и за Македонија

ECA

Македонскиот јазик е реалност признаена и од Обединетите Нации – глас на разум доаѓа од Бугарија, откако изминативе денови прво Каракачанов, а потоа и Ковачев со низа на недипломатски изјави ги ставија во клинч разговорите на историските комисии. Сепак во интервју за ТВ 24 екс претседателот Плевнелиев со голема доза на оптимизам уверува дека Бугарија нема да биде пречка за Македонија на патот кон ЕУ.

Јас сум роден во градот Гоце Делчев, но сметам дека оваа историска личност нас ќе не спои, а нема да не раздвоии. Гоце е и на Бугарија и на Северна Македонија. – вели Плевнелиев, но додава дека не смее да има фалсификување на историските факти.

– Република Северна Македонија и нејзините граѓани имаат целосно право на самоопределување, за тоа каков јазик зборуваат и во која насока сакаат да тргнат. Но, истовремено не е во ред да се манипулира историјата, на пример историјата за Гоце Делчев. Гоце Делчев секогаш се определувал како Бугарин. Тој се борел за ослободувањето на Македонија, но Гоце Делчев не е на Бугарија, тој е и на Бугарија и на Северна Македонија. Тој е заеднички херој за Бугарија и за Северна Македонија и ние спокојно можеме да го чествуваме заедно, така како што почнавме да го чествуваме и Цар Самуил. Сепак, нека нашите пријатели на С.Македонија знаат дека, на пример, јас сум роден во градот кој се вика Гоце Делчев во Бугарија. Г-динот Каракачанов освен што е вицепремиер е и лидер на политичка партија која се вика ВМРО и постои повеќе од 100 години. Ваше е правото на самоопределување, но не е во ред да се фалсификува историската вистина. Пропагандната машинерија на гдинот Груевски беше смешна, вклучувајки ме и мене, бугарскиот претседател, ме нарече Македонец. Не сум. Мојот род е бугарски род, но јас сум голем пријател на Македонија. – вели Плевнелиев за T24.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts