vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Полицискиот час без ефект: Вкупно 11.035 заболени и 245 починати од корона вирус

ECA

Статистиките покажуваат дека полициски час не го дал посакуваниот ефект, а според податоците од Институтот за јавно здравје корона вирусот коси во Република Македонија, а власта се уште не обезбедила вакцини за вакцинација и имунизација на населението.

Имено, и по воведување на полицискиот час односно од 10 март бројот на новозаболени и починати лица од корона вирус и натаму рапидно расте, а властите и понатаму остануваат имуни на решавање на овој проблем.

Па така од носењето на одлуката од страна на власта за воведување на мерката полициски час има дури нови 11.035 заболени, додека бројот на починати пораснал за 245.

Ова, покажува дека мерките од страна на власта не го носат посакуваниот ефект, како и дека не само што нема подобрување на состојбата, напротив таа дополнително се влошува.

Претходно медиумите пренесуваа дека Македонија споредбено со земјите од соседството неколку денови по ред беше прва по број на починати на милион жители, додека пак сега сме последни по број на вакцинирани граѓани, што само дополнително ја отсликува неспособноста на власта и министерот за здравство Филипче соодветно да одговорат на спречување од ширење на корона вирусот.

За неспособноста на владата и министерот Филипче потврдува и анализата на светски реномираниот Блумберг кој преку интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација од каде пак се гледа дека Македонија од 122 држави по број на набавени вакцини се наоѓа на 118 место.

Од друга страна пак и анализата на угледното списание Економист ја рангира Македонија на третото место по прекумерната смртност на 100.000 жители.

Додека бројот на новозаразени и починати секојдневно се зголемуваат, така се намалуваат болничките капацитети ширум државата, со што се создава страв кај граѓаните дека владата освен што не им обезбедува вакцини, нема да им се обезбеди соодветна здравствена заштита.

Згора на ова, владата не само што не го откажува пописот кој треба да започне да се спроведува од први до 21 април, туку вчера пак организираше и непосредно гласање на избор за претседател на СДСМ што дополнително само допринесува за и така веќе влошената состојба.

Денeшната броја на починати се искачи на 30, додека новозаразени се регистрирани 457 лица.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts