vesti24.mk
ЗАБАВА

Полицијата мислела дека ова е најлудата шега која може да постои: Пари испаднале од блиндирано возило среде автопат, па започнало грабањето

ECA

Пари кои испаднале од блиндирано комбе недалеку од Сан Диего предизвикале вистински хаос меѓу луѓето, тепачки и апсења.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат расфрлани пари и луѓе кои се обидуваат да зграпчат што е можно повеќе долари по автопатот „Интерстејт 5“ во областа Сан Диего во Калифорнија, јавува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица и ги повикува сите што земале од парите да ги вратат.

Една од вратите на блиндираното возило се отворила на патот, поради што испаднале вреќи со готовина, а банкнотите се разлетале.

„Поради некоја причина, парите испаднаа од блиндираниот автомобил“, изјави полицаецот од патната патрола во Калифорнија, Џим Бетенку.

„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели фитнес инфлуенсерката Деми Багби во своето видео.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts