vesti24.mk
ЗАБАВА

Половина елка за помали живеалишта

ECA

Божиќните и новогодишните празници се ближат, па на интернет повторно се јавуваат нови, практични идеи. Имено, сега на интернет-страницата „Хамашер шлемер“ може да се купи половина елка, наменета за луѓе кои живеат во помали станови и куќи.

Станува збор за вештачко дрво коешто е буквално – убава, бујна елка, но пресечена на половина, со тоа што би била залепена на ѕидот со задниот дел. Значи, разликата е незабележлива ако божиќното дрво се погледне од напред.

Ова вештачко дрво, како што се вели во описот, заштедува простор, време, но и украси. Цената изнесува 249,95 американски долари (околу 214 евра). (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts