vesti24.mk
ВЕСТИ

Попов: Гласот и мислата на младиот човек во и надвор од партијата ќе биде втемелен во одлуките кои ќе ги носиме

ECA

Почитувани, на вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот Христијан Мицкоски ми е дадена довербата да ја предводам Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата одлука за мене претставува огромна чест, успех и задоволство, но истовремено и огромен предизвик.

Во претстојниот период Унијата на млади сили ќе биде партнерот на сите млади луѓе во Република Македонија, преку кои ќе бидат поразени погубните политики на моменталната власт.

Заедно ќе го посетиме секој млад човек во секое населено место. Преку стратегија изработена од млади докажани во својата област, со искуства стекнати како во Македонија така и надвор од неа, и нејзина соодветна промоција, младите луѓе ќе ги добијат потребните услови за градење на својата иднина и можност за поголем успех и просперитет во сопствената држава.

Гласот и мислата на младиот човек во и надвор од партијата ќе биде втемелен во одлуките кои ќе ги носиме, а ќе дадат одговор на проблемите кои не засегаат нас како иднина на државата.

Да живее Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!

Фејсбук статус на Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts