vesti24.mk
ЗАБАВА

ПОРАДИ СУДСКА ГРЕШКА: Бил невин, а 43 години минал во затвор

ECA

Афроамериканец, на возраст од 62 години, со одлука на судот во американската сојузна држава Мисури, вчера беше ослободен откако невин минал 43 години во затвор поради судска грешка.

Затвореникот, Кевин Стрикленд (62) во 1979 година бил осуден на доживотен затвор од поротата (инаку составена од белци) поради тројното убиство што тој го порекнувал.

– Ниту еден материјален доказ не го поврзува (Стрикленд) со делото и тој беше осуден исклучиво врз основа на сведочењето на преживеаниот сведок кој подоцна го повлече своето сведочење, истакна во одлуката судијата Џејмс Велш.

Притоа, двајца од четворицата сторители на крвавиот напад потврдија дека тој е невин, посочи судијата.

– Довербата во судот во случајот со осудата на Стрикленд е целосно нарушена, рече тој, наредувајќи итно ослободување на затвореникот.

Главната обвинителка на Округот Џексон, Жан Петерс Бејкер, која побара да се укине пресудата, ја поздрави одлуката.

„Овој човек, кој толку многу настрада од несреќната судска грешка, конечно доби праведна правна одлука“, се вели во соопштението на Бејкер.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts