vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Посвежо време со повремен дожд, утре пообилни врнежи

ECA

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. Температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

И утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови, особено во југозападните и јужните делови од земјава. Дневната температура дополнително ќе се намали, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts