vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Почна моќен астро-период: Брак и бебиња за Биковите, промени и пари за Лавовите

ECA

Подгответе се за големи промени – пред една недела влеговме во нов моќен астролошки циклус што ќе трае до 28 јануари, 2021 година.

Ова ќе биде период во кој ќе свртиме нова страница во нашите животи и ќе тргнеме по нови патеки. Ова ќе биде исклучително моќен период и некои судбински предодредени настани нема да може да ги заобиколиме.

Во наредниот период ќе се активираат т.н. Месечеви јазли, а астролозите објаснуваат што се тие и како тие ќе влијаат врз нашите животи.

Месечеви јазли или „врати на Судбината“
Месечината, Меркур и Сонцето ќе бидат во конјункција и така здружени се „прекинувачот“ за активација на Месечевите јазли.

Некои јазли ги нарекуваат и „врати на Судбината“, а за други велат дека се „врати на Кармата“. Месечевите јазли претставуваат имагинарни точки во астрологијата и нашите хороскопи, точки во кои се одвива патувањето на душите низ овој живот, од минатото кон иднината, низ судбински настани.

Од август годинава, Месечевите јазли се наоѓаат на оската Близнаци-Стрелец.

Последен пат кога јазлите беа на исти позиции беше во периодот од 13 октомври 2001 до 14 април 2003 година, па обидете се да се сетите кои теми беа актуелни во вашиот живот тогаш бидејќи можеби сега е време да направите ревизија.

Вртиме нова страница во нашите животи и ќе тргнеме по нови патеки. Овој период ќе има поголемо влијание на подзнакот отколку на самиот знак. Еве како ќе влијае овој период на секој знак посебно:

ОВЕН

За луѓето родени во знакот и со подзнак Овен, овој период се одвива во шестата куќа – куќа на работата, здравјето, домашните миленици и секојдневните активности. Може да очекувате промена на работното место, како и промена на некоја рутина.

БИК

За Биковите овој период носи промени врзани за љубовта, задоволството и децата. Периодот пред вас за слободните Бикови носи можност за нова љубов, а на оние кои се во врска им претстои понуда за брак или принова во семејството.

БЛИЗНАЦИ

Родените во знакот на Близнаци може да очекуваат многу поволни промени и новости во овој период. Очекувајте многу дружење, движење и изненадни средби. Можете да очекувате и промени поврзани со домот, семејството, како и местото на живеење.

РАК

Оние родени во знакот или со подзнак Рак најмногу ќе ги почувствуваат промените во овој период. Очекувајте многу динамичен период исполнет со дружења, а на повидок е голема љубов.

ЛАВ

Можеби ќе почувствувате дека сте стигнале до моментот кога потребата ви е повеќе од потребна. Ќе посакате да се поместите од местото каде се наоѓате, да го промените изгледот, имиџот, стилот на облекување… Пред вас е период во кој ќе имате голем прилив на пари, па искористете ги мудро по кризата низ која поминавте, а на која не сте навикнати.

ДЕВИЦА

Обратете внимание на своите соништа и следете ја интуицијата. Ви претстојат авантури и љубовни врски скриени од очите на јавноста или со личност која е далеку од вас. Тоа не е карактеристично за вас, но прифатете го предизвикот.

ВАГА

Подгответе се за промени на работен план. Постои огромна можност за остварување на вашите долгогодишни амбиции. Останете верни на своите принципи. Вашето време доаѓа.

ШКОРПИЈА

Се трудите многу на деловно поле, сега ви е периодот за напредување во кариерата. Долго време бевте растргнати меѓу семејството и работата, но време е да се посветите на себе.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат промени на работното место и можно е да добиете интересна понуда од странство. Ќе бидете динамични, активни и успешни. Сѐ ќе ви оди од рака.

ЈАРЕЦ

Ќе ви се спојат минатото и иднината. Во наредниов период ќе ви се наплатат некои долгови и ќе ви се разјаснат некои работи кои ги оставивте зад себе. Време е за нови почетоци, зграбете ги!

ВОДОЛИЈА

Ве очекува период поволен за љубов и за проширување на семејството. Останете смирени и приземјени какви што бевте изминатиов период. Сега ќе ги соберете плодовите на вашиот труд.

РИБИ

Конечно ќе ви тргне на деловен план: ќе го добиете оној договор за работа кој долго време го посакувате, а за вработените на повидок е унапредување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts