vesti24.mk
ВЕСТИ

По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ затворен пунктот за ковид во Струмица, против кого се бореа граѓаните

ECA

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) го затворил пунктот за земање на брисеви за тестирање на ковид во Струмица, по реакциите на граѓани дека тој се наоѓа во станбена зграда.

Како што објави Фокус, ДСЗИ го задолжил директорот на Центар за јавно здравје Струмица тие веднаш да најдат соодветна локација во рамките на ја вна здравствена установа каде што ќе може граѓаните да даваат брис.

Претходно реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ дека единствениот пункт за оваа намена во Струмица е сместен во просторија во сопственот на општината, но која е во станбена зграда чии станари секојдневно доаѓаат во контакт со лица потенцијални носители на коронавирусот, а досега и позитивние пациенти таму ги правеа контролните тестирања.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts