vesti24.mk
ЗАБАВА

По 53 години му го пронашле паричникот кој го изгубил на мисија – тоа што се наоѓало внатре нему живот му значело!

ECA

Паричникот кој американскиот воен метеоролог Пол Гришам (91) го изгубил за време на тринаесетмесечна експедиција на Антарктикот, се појави по 53 години во Сан Диего, Калифорнија

– Бев целосно шокиран. Многу луѓе беа вклучени во враќањето на паричникот, но на крајот успеаја да ме пронајдат, рече Гришам за „Сан Диего унија трибјун“, како што објави Гардијан.

Во паричникот имало негова поморска легитимација, возачка дозвола, упатства што да се прави во случај на атомски, биолошки и хемиски напад, картичка за нарачка за пиво, даночна изјава и налози за трансфер на пари на неговата сопруга.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts