vesti24.mk
ЗАБАВА

Предлог за ручек како од ресторан: Пилешко со печурки и моцарела

ECA

Одличен рецепт за брз и вкусен ручек.

Потребни состојки:

3 парчиња пилешки стек

400 гр печурки

Две чешниња лук

Половина коцка пилешка супа

Половина чаша бело вино

150 гр моцарела

Маслиново масло

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Посолете го пилешкиот стек и испржете го во маслиново масло. Вклучете ја рерната на 200 степени. Извадете го месото од тава. Во истата тава додајте ги ситно сечканиот лук и печурки, динстајте околу 5 минути, а потоа прелијте со бело вино и додајте ја коцката пилешка супа. Доколку има потреба, додајте и малку вода.

Откако ќе омекне зеленчукот, префрлете го во тава за печење. Одозгора ставете го пилешкото месо, а врз месото ставете и неколку парчиња моцарела. Печете неколку минути додека да се растопи сирењето. Послужете топло.

извор: mrhealthyhouse.com

извор:курир.мк

Loading...

Related posts