vesti24.mk
ВЕСТИ

Пренџов: Владата наместо да ги решава проблемите се занимава со рушење на дивоградбата за која дозволи да се изгради

ECA

На стартот на работата новата влада покрај толку проблеми остана на рушење на еден објект кои сами дозволија да се изгради. Но, ова не е чудно зошто имаме една коалиција направена врз основа на лага зошто ги погазија предизборните ветувања кон своите гласачи, СДСМ велеше дека ДУИ е криминогена партија, а ДУИ дека ќе има Албанец за премиер. Ова што го прави власта со 62 пратеници е тажно, Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ.

-Наместо силни институции добивме ситуација во која не може ништо да се направи и имаме мртво Собрание, не се формирани комсиите. Нас граѓаните не гласаа да работиме, а не за ова што се случува сега. Одевме на избори за да имаме силни институции, кажа Пренџов.

Тој се осврна на кадрите во новата Влада најавена од Заев како Влада со нови кадри.

-Ако Шекеринска е нов кадар како што вели Заев ќе имало нови кадри, а таа од 1998 е пратеник, јас не знам како ќе изгледа нов кадар на СДСМ. Цел на СДСМ е да осиромаши народот сакајќи тие луѓе што ќе останат без работа ќе трчаат по нив за некои ситни пари, тоа е многу лошо за државата, рече Пренџов.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts