vesti24.mk
ВЕСТИ

Пренџов: Поразителен е фактoт што Македонија од 139 држави е на 133 место според извештајот за воена моќ

ECA

Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за извештајот каде се наоѓа Република Македонија според воена моќ каде од 139 држава се наоѓа на 133 место и посочи дека според него тоа е многу поразителна бројка затоа што држави како Ел Салвадор и Панама се воено помоќни од нас.

-И јас го видов тоа и не ми се веруваше, тоа е многу поразително. Јас не очекував дека од 139 земји ние ќе бидеме 133 држава. За мене е поразително што држава како Ел Салвадор или Панама се држави кои се воено помоќни од нас. Јас сум човек кој сум за тоа да бидеме во НАТО, мислам дека таму припаѓаме, таму ни е местото. Вие кога одите како едно високо ниво како влада, како министерство не сте спремни бидејќи таму во НАТО убавите зборови и убавите наративи не значат ништо, туку таму луѓето ги интересира резулатите, рече Пренџов во своето гостување.

Пренџов посочи дека тој како пратеник во Собранието на дебатата за буџет во декември тој лично барал да се зголемат определени ставки во буџетот за НАТО.

Пратеникот укажа дека иако власта не се согласува со овие поразителните бројки сепак тоа го потврдуваат меѓународни институции, големи медиумски корпорации и слично.

-Јас мислам дека сите ние треба сериозно да се замислиме што се прави бидејќи ете гледате сите меѓународни институции од Европската Унија, големи медиумски корпорации, Транспаресни Интернешалн не ставаат во некоја неславна околина на држави и тоа е многу поразително. Ние во секој сектор веќе континуирано се движиме надолу. Иако со ова не се согласува владата но еве ги сите релеватни странски институции кои се бават со истражување на повеќе области, ние тонеме се повеќе и повеќе, додаде тој во своето гостување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts