vesti24.mk
ВЕСТИ

Приведени 5 лица од Скопје кај кои полицијата пронашла дрога

ECA

Министерството за внатрешни работи информираше дека во четири одвоени настани на територијата на градот Скопје лишени се од слобода вкупно пет лица кај кои во текот на вчерашната вечер биле пронајдени различни видови дрога.

На 21.08.2020 во 22.00 часот на ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(20) од с.Љубин, затоа што при преглед кај него била марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 23.40 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 23.50 часот на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(44) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 22.45 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(23) и Б.Ј.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts