vesti24.mk
ВЕСТИ

Приведен дилер: Тинејџерот бил осуден на три години затвор

ECA

Денеска (24 февруари) околу 11:45 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(19) од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, Ф.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts