vesti24.mk
ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ

Прочитајте го ова и престанете да се расправате со партнерот!

ECA

Расправијата со партнерот може да биде причина за моќна, физичка болк, вели една студија спроведена на Универзитетот во Северозападен Илиноис.

Научното истражување траело две децении, при што на пет години ги повикувале паровите да излезат пред камери. Додека испитаниците се расправале со својата друга половина, експертите ги проучувале нивните фацијални изрази, го анализирале тонот на гласот и го прателе говорот на телото. Потоа тие биле испрашувани за нивната здравствена состојба.

Студијата покажала дека 80 отсто од мажите за време на расправиите со својата партнерка развиваат симптоми на кардиоваскуларни болести – болка во градите, брзо чукање на срцето, останување без здив. Научниците откриле дека во текот на распавија расте крвниот притисок и се зголемува бројот на отчукувањана срцето, така што со текот на годините тоа има последици врз здравјето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.

Мажите кои за време на расправиите го избегнуваат контактот со очите на партнерката се забележало дека од внатре чувствуваат поголема тензија и тоа се рефлексира врз мускулите и предизвикува болки во грбот. Речиси половина од испитаниците ги имаат овие симптоми, за разлика од оние кои се повеќе емоционално отворени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts