vesti24.mk
ЗАБАВА

Ракопис на Ајнштајн продаден за рекордни 11,6 милиони евра

ECA

Ракописот на славниот физичар Алберт Ајнштајн во кој се зачетоците на неговата општа теорија на релативноста е продаден во вторникот на наддавање во Париз за рекордна сума од 11,6 милиони евра, пренесува AFP.

Претходните рекорди за некој ракопис на Ајнштајн изнесуваа 2,4 милиони евра за писмото за Господ продадено во 2018 година и 1,39 милиони евра за двете куси белешки кои Ајнштајн му го оставил на момче во хотел во Токио во кои ја опишува неговата „формула“ за среќата продадени во 2017 година во Ерусалим. Во мај 2021 година, писмото од Ајнштајн до физичар конкурент, кое ја содржи неговата позната равенка E=mc2, беше продадено на аукција за 1,3 милиони евра.

Документот продаден во вторникот првично беше проценет меѓу два и три милиона евра. За разлика од претходно продадените по рекордни цени, овој е работен документ, што е особена реткост кога станува збор за оставнината на Ајнштајн.

„Ракописите на Ајнштајн од сферата на науката од тој период и воопшто пред 1919 година се извонредно ретки“, соопштија од аукциската куќа Christie’s каде се одржала аукцијата за куќата Aguttes.

Станува збор за ракопис на 54 страници кои меѓу јуни 1913 и почетокот на 1914 година во швајцарски Цирих го редактирале германскиот физичар од еврејско потекло и неговиот соработник и приjател Мишел Бесо. Тоа е обид Ајнштајн и Бесо да ја објаснат космичката мистерија, односно дека орбиталниот пат на Меркур е „за влакно“ од она што било предвидено со законите за движењето на Исак Њутн, користејќи идеи и равенки кои стануваат основа на Ајнштајновата теорија на релативноста.

Честите белешки на маргините укажуваат дека научниците меѓусебно ја коментирале работата на другиот, а Ајнштајн во еден момент возбудено напишал „stimmt!“, односно од германски „тоа функционира“, на страниците на кои се опишува релативната ротација на сфери.

Двајцата научници на крајот не успеале да го објаснат несовпаѓањето во орбитата на Меркур, но сепак равенките што ги развиле директно довеле до равенките на Ајнштајн за општата релативност, кои сѐ уште се користат за опишување на односите меѓу објектите во Вселената.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts