vesti24.mk
ВЕСТИ

Реагира ли доцна ДСЗИ- по смртта на пациенти од ковид-19 во нехумани услови прави вонредни инспекциски надзори

ECA

Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип, изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид 19 при што согласно констатираната фактичка состојба со решение нареди на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

Решението во текот на вшерашниот ден од страна на ДСЗИ ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма. Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата.

Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство.

Стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово Кавадарци, Битола и Крива Паланка.

Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид 19.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts