vesti24.mk
ВЕСТИ

„Република“: Ги нема Кате Блажевска и Љупчо Поповски со критика за синот на пратеничката што добива награда од Шилегов

ECA

Тоа се тие двојни стандарди, се коментарите на социјалните мрежи. Дежурните пера на Роберт Поповски, Љупчо Поповски и Кате Блажевска ги нема да кажат ниту збор за веста која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи дека син на пратеник од СДСМ ги добил 100 евра на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за седење дома.

Ама затоа истите дежурни пера не дозволуваат ниту една критика за министерот за здравство, Венко Филипче, кој секако не е “света крава” за низата пропусти кои се направија, а уште помалку ги нема да напишат ниту збор за цензурата која сака да ја легитимира Роберт Поповски во владата каде невладина ЗНМ ќе одлучува кој е, а кој не е новинар во земјава.

Молкот не значи дека ги пропуштиле новините во земјава, туку дека можеби се платени да молчат, а да пискаат кога станува збор за нарачки за напади како оној кон Александар Николоски кој само посочи дека системот не функционира. Го нема ниту Поповски да напише што се случува во СДСМ кога Заев во стилот на папа кажува и најавува про форма мерки од кои никој ќар нема. Воедно нема ниту збор за респираторите, тоа е најстрого забранета тема кога станува збор за платените пера. Трите сина на Локвенец ќе мора да опстојат, исто како и синот на пратеничката со наградата на Шилегов, а сите други може и да почекаат.

Извор: РЕПУБЛИКА

извор:курир.мк

Loading...

Related posts