vesti24.mk
ЗАБАВА

Рецепт за печен компир кој е вистински хит

ECA

Германскиот рецепт за компири со сланина познат под името „bratkartoffeln“ е толку добар што се јаде и за појадок во таа земја, а целиот трик е во правилниот избор на компири.

Најдобар избор е типот на компир што нема да се распадне за време на готвењето. Потребна ви е и добра сланина, по можност домашна, како и зачини и билки како ким, мајчина душица или рузмарин.

Во зависност од рецептот, Германците некогаш и додаваат и кромид на ова јадење, но тоа е по вкус и желба.

Состојки за подготовка на „bratkartoffeln“:

500 гр компири
225 гр сланина
1 кромид
зачини (сол, бибер и ким)
Подготовка:

Измијте ги компирите и варете ги без лупење за да не се преварат. Исечете ги сланина и кромидот на коцки. Ставете ја сланината во тава и пржете ја додека не стане крцкава, а потоа извадете ја од тавата и пржете го кромидот во истата маст и оставете го настрана.

Исцедете ги компирите, па излупете ги и исечете ги. Убаво пропржете ги компирите во истата тава од двете страни се додека не поруменат. Потоа додадете го кромидот и сланината во тавата, зачинете со сол и бибер и додадете исечен магдонос или зачини по желба.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts