vesti24.mk
ВЕСТИ

Ристески: Предлог законот за промена на законот за тутун воопшто не е ставен на дневен ред, СДСМ лаже дека ние не даваме поддршка

ECA

Откупот на тутун заврши, откупувачите ги затворија откупните пунктови, а остана голема количина неоткупен тутун. Од ВМРО-ДПМНЕ цело време укажувавме, апелиравме, повикувавме да се реши проблемот на тутунопроизводителите кои го имаа со откупот на тутун од овогодишната реколта, изјави денеска за медиумите, Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека покрај тоа што тутунарската мака, пот, се откупи по катастрофално ниски цени, со 60 до 100 денари се оштетени тутунарите оваа година по килограм откупен тутун, алармирале  дека ќе останат и неоткупени количини што еве и се случи.

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за цело време баравме зголемување на субвенциите оваа година за 100%, како обештетување на тутунарите за оваа лоша откупна реколта, но власта на чело со Заев останаа глуви и ако за цело време му ветуваа и ги манипулираа тутунопроизводителите за на крај да им понудат милостина од некој 10 до 12денари по килограм. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за оваа цел на ден 15-ти февруари 2021 година поднесовме предлог закон за промена на законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март. До сега одговорно тврдам од страна на претседателот на Собранието овој предлог закон не е ставен на седница на дневен ред, а од СДСМ лажат дека опозицијата не давала поддршка за предлог законот да помине во Собрание, посочи Ристески.

– Еве јавно кажувам и повикувам Претседателот на Собрание да закаже седница со единствена точка на дневен ред нашиот предлог закон за промена на законот за тутун, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и во 3:00 часот после полноќ би влегле во Собрание и би гласале ЗА нашиот предлог закон. Секако во корист на тутунопроизводителите со цел да се откупи целата количина произведен неоткупен тутун оваа година, додаде тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts