vesti24.mk
ВЕСТИ

Родителите изреволтирани: Затечени од владините одлуки, се враќаат на работа без да имаат каде да ги згрижат дечињата!

ECA

Иако Комисијата за заразни болести предлагаше продолженото породилно отсуство да се пролонгира до крајот на декември, сепак Владата одлучи од следната среда на работа да се вратат мајките кои ја користеа оваа мерка, како и родителите на деца до 10 години, без разлика дали децата ќе учат онлајн или со физичко присуство.

Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23 септември, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од -ти овој месец, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.

Ова е заклучок од денешната владина седница на која, е задолжено Министерството за труд и социјална политика да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

-Воедно, беше препорачано Министерството за труд и социјална политика да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние кои имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, треба да ги разгледаат можностите и доколку постои слободен неискористен простор истиот да се намени за згрижување деца од оние детски градинки од подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.

Родителите изреволтирани од оваа одлука. Не затоа што треба да се вратат на работа туку затоа што нема кој да им ги згрижи дечињата. Градинките се со мошне скратени капацитети, па за сите дечиња нема место.

Досегашните корисници на владините мерки со кои се ослободуваа од работа родителите на мали деца поради пандемијата, а кои Владата ги укина, на социјалните мрежи го изразуваат својот револт од одлуката, за која велат дека е ненадејна и непромислена, а може да се прочитаат и повици за протести и граѓанска непослушност.

Дел од коментарите пренесуваме во продолжение: 

извор:курир.мк

Loading...

Related posts