vesti24.mk
ВЕСТИ

Русиново се прости од младата девојка чии органи беа донирани, а беше удрена од несовесен возач – сограѓаните во солзи (ФОТО)

ECA

Жителите на беровското село Русиново денеска ѝ оддадоа почит на младата девојка Верица Белчовска која животот го загуби во сообраќајна несреќа, а признание примаше за огромната хуманост нејзиното семејство зошто се одлучи да ги дарува нејзините витални органи да им помогната во животот на три лица.

Нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите ќе им помогнат на две лица кои долго време беа на дијализа. Жителите на Русиново се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство е покажана на дело, иако донациите нема да им ја надоместат загубата.

Блаже Сапунџиев (28 г.) од Кавадарци го доби едниот бубрег од Верица. Другиот бубрег на Белчовска беше трансплантиран кај 40-годишен пациент, и кај двајцата пациенти состојбата е стабилна.

Мајката на Блаже, Форка вели дека се сочувствуваат со семејството на младата девојка и изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому живот значат.

-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа.

Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјави мајката на Блаже.

Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.

Д-р Маја Мојсовска е со надеж дека гласно ќе одекне во јавноста органодарувањето. Последните години ги посветила на тоа отворено да се разговара на темата, да се крене свеста за можноста за дарување органи при мозочна смрт и начинот нечиј живот да продолжи во друг живот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts