vesti24.mk
ВЕСТИ

Светиот благодатен оган пристигна во храмовите во државава

ECA

На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина од грчката државна делегација која го донесе од Ерусалим, каде на Велика Сабота се симнува во Христовиот гроб, а потоа се носи ширум светот.

По пристигнувањето директорот Сотировски светиот оган го предаде на неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец и на свештеници од епархиите кои го однесоа низ градовите ширум државата.

-Посакуваме убави празнични мигови на православните верници во татковината и ширум светот и потсетуваме на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив, порача Комисијата за односи со верските заедници.

Согласно одлуката на Владата вечерва нема полициски час, а во сила се останатите рестриктивни мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts