vesti24.mk
ВЕСТИ

СДСМ среде зима ги остави студентите гладни и да мрзнат, а после им глуми спасител

ECA

Откако студентите среде зима беа оставени да мрзнат и гладуваат, владата конечно се сети дека постојат. Владата се реши да одвои средства да се подмират режиските трошоци и набавките за храна на студентските домови, со што повеќе тие не треба да остануваат без струја или парно греење.

Иако владата сака да се прикаже како спасител, реалноста е дека тие се проблемот. Студентите како двигател на општеството треба да се еден од приоритетите за грижа на една влада, но за владата која ја предводи СДСМ која ветуваше чуда, испадна дека студентите се последна категорија.

Студентите од студентскиот дом „Кузман Јосифоски Питу“ новата година ја дочекаа без парно греење и топла вода. Но проблемот не траеше еден ден, туку цели две недели. За да биде проблемот поголем тоа е еден од најважните периоди за студентите, односно испитната сесија.

Така кога студентите требаше да ги спремаат своите испити, тие мораа да по цели денови да се покриваат по ќебиња, да чекаат да помине денот и така да помине наредниот се со надеж дека еден од тие денови конечно некој ќе се сожали да им пушти парно греење за да можат и книга да фатат. Иако тие и бараа решение на сите страни, каде и да тропнеа наидуваа на различни одговори, за на крај СДСМ да се пофали дека со донација од приватна фирма го решила проблемот.

Две недели, среде зима студентите беа оставени да премрзнуваат на минусни температури без можност да ги обавуваат основните хигиенски потреби, за на крај тие што ги оставиле така се фалат дека им помогнале.

Но, тоа не е единствениот проблем со кој се соочија изминатиов период. Имаше и уште еден а можеби и полош, а тоа е недостигот на храна. Студените во медиумите се пожалија дека со денови јадат леќа или боранија, и тоа не само од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ туку од „Стив Наумов“ каде живеат најголем број на студенти.

– Леб има само бел и тој којзнае колку време стои. Ручекот се исто, па исто даваат. Се случува неколку дена со ред да има исто јадење на пример леќа или боранија. За вечера секој втор ден шпагети со сирење даваат. И за ручек се случува шпагети да има. За вечера даваат тоа што треба да е за доручек како на пример пржени јајца, проја, изјави студентка сместена во Стив Наумов за медиумите.

Тие велат дека кога прашале кој е проблемот, им било кажано дека тендерот бил завршен и немало нов.

И тука излезе на површина грижата на власта за студентите. Ги оставија студентите премрзнат и гласни, па на крај се појавија како спасители дека го решавале проблемот. Но, до проблемот не требаше ни да дојде.

Власта треба да знае кога им завршуваат тендерите, а пред се и од хуман аспект да им ги решава проблемите на студентите уште првиот ден. Но, за СДСМ студентите дојдоа на ред последни, после година дена корона криза.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts