vesti24.mk
ВЕСТИ

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

ECA

Во Собранието на Република Македонија денеска е закажана седница на Комисијата за финансирање и буџет. Членовите на Комисијата ќе расправаат по два предлог-закона во второ читање по скратена постапка.

На дневен ред се Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка по Договорот за заем за финансирање на проектот за унапредување на основното образование, како и Предлог-законот за задолжување со заем кај ЕБОР за договорот за финансирање на проектот за воведување на брз автобуски превоз во Скопје.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts