vesti24.mk
ЗАБАВА

Седум знаци дека бубрезите не работат

ECA

1. Отечени зглобови, стапала, лице

Акумулација на течност во телото е јасен показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези, бидејќи тие се главните филтратори. Оток на одредени делови од телото (зглобовите, нозете, рацете, лицето …) може да укажува на проблеми со бубрезите.

2. Промени во урината

Треба да обрнете внимание на промените во урината во однос на зачестено мокрење, бојата и слично. Производството на урина е една од главните задачи на бубрезите, па логично е дека промените во урината укажуваат на промени во бубрезите. Некои од промените, кои можете да ги забележите, а кои сигнализираат можните проблеми се:

болно мокрење,
траги од крв во урината,
мокрењето станува ретко,
се будите неколку пати во текот на ноќта.

3. Гадење и повраќање

Тоа укажува дека бубрезите не ги исфрлаат сите штетни материи од телото како што треба. Тогаш вашиот организам наоѓа начин да ги исфрли токсините и тоа често – со повраќање.

4. Чувствувате претеран умор

На секој му се случува да е уморен и нерасположен, и покрај доволната количина на спиење. Сепак, заморот понекогаш може да биде предизвикан од недостаток на еритропоетин, хормон кој се лачи во бубрезите. Затоа, ако имате недостаток на овој хормон, почесто и поинтензивно ќе бидете уморни, а тоа покажува дека нешто со вашите бубрези не е во ред.

5. Анемија

И анемијата е поврзана со недостаток на еритропоетин, бидејќи овој хормон е клучен за производство на црвени крвни клетки. Затоа, ако сте анемични, проверете ги бубрезите.

6. Исип и чешање

Кога штетните супстанции не излегуваат преку урината, туку се задржуваат во телото, тоа може да резултира со промени кои ќе бидат видливи и на површината на кожата. Затоа, и таа појава, за која често мислиме дека ќе помине сама од себе, може да биде еден од првите знаци за тревога, кога е во прашање здравјето на бубрезите.

7. Лош вкус во устата

Ако бубрезите не ги филтрираат и отстранат токсините, тие ќе се акумулираат во вашето тело. Ова може да предизвика вкус на метал во вашата уста, како и лош здив. Исто така, може да ви се случи вашата добро позната храна повеќе да го нема истиот вкус.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts