vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Седум работи за с*ксот што ги научив откако се породив

ECA

Наместо да се фокусираме на тоа колку е часот, бевме посветени на секоја слатка секунда и секој допир беше толку сексуално наелектризиран што на крајот имавме дури и неколку минути одмор пред да се разбуди бебето…

Ова е дел од текстот на Бејли Гадис за Your Tango во кој кажува кои седум работи ги научила за сексот откако по породувањето.

1. Моето тело е создадено за целосно изразување

Породувањето ме направи свесна за целосно зачекорување во мојата женственост, ме научи да го почитувам своето тело и да се грижам за него. Оваа почит ми овозможи да се ослободам од моите комплекси и да уживам во секој момент на сексот без ограничување.

2. Однапред испланираниот секс е секси

Со прекрасно бебе кое бара да цица повеќе пати во денот, се намали мојата слобода за спонтано изненадување на партнерот. За да ја изведеме редовната физичка интимност, мораше да почнеме со планирање на нашето „слободно време“. Посветеноста кон нашиот сексуален живот нѐ охрабри да се обидеме уште повеќе и да уживаме во тоа. Не чекавме само да се случи секс, со паметно планирање создадовме време за сексуална релаксација. И сето тоа беше секси.

3. Имам подобар однос кон мојата вагина

Пред породувањето не знаев како функционира мојата вагина. Не бев поврзана со неа. Едноставно функционираше без да бидам свесна што точно се случува. За време на породувањето, морав да ги стискам мускулите таму долу, а тоа ме научи да го опуштам перинеумот, и тогаш првпат ја почувствував моќта на стимулација на клиторисот за ослободување на прекрасниот окситоцин. Сега имам моќ да го постигнам ова за време на сексот.

4. Квалитетот е поважен од квантитетот

Кога син ми беше доенче, ретко спиеше подолго од триесет минути. „На брзинка“ стана прекарот на нашите сексуални игри. Јас и мојот партнер знаевме дека нашето време за водење љубов е ограничено и мораше да се потрудиме да биде задоволувачко. Наместо да се фокусираме на тоа колку е часот, бевме посветени на секоја слатка секунда и секој допир беше толку сексуално наелектризиран што на крајот имавме дури и неколку минути одмор пред да се разбуди бебето…

5. Оргазмот не е неопходен

Но, убаво е да се доживее. Тоа значи дека ни јас, ни тој не доживуваме оргазам баш секојпат, а кога сме прекинати, тоа е сосема друга работа. Остатокот од денот ќе чекаме додека не ја добиеме следната можност за секс. И двајцата сме придружени од овој еротски набој и тоа е многу секси.

6. Очекувањето е возбудливо

Моравме да почекаме шест недели по раѓањето на нашиот син за да имаме секс. Иако заздравувањето на мојата вагина беше крајно непријатно, имав и голема желба за секс. Преминавме на други начини на обезбедување задоволство, но тоа очекување на „вистинскиот секс по старо“ го направи многу поинтензивно и посекси искуството кога конечно се случи.

7. Сексот е искра на животот

Отсекогаш знаев дека децата се прават со секс. Но, не сфаќав колку е важен сексот во животот. Сексот е свет чин на надеж, поврзаност и живот. Дури и ако парот нема за цел да има деца, соединувањето на нивните тела сепак ја крие тајната на новиот живот. Сексот после бременоста е феноменален, но раѓањето бебе не е единствениот начин да се доживее вакво сексуално будење. Би сакала да знаев што знам сега додека само „работев на правењето бебе“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts