vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Секси хороскоп: Лавот е дарежлив љубовник, Бикот долго заведува

ECA

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, секогаш е забавно да се прочитаат кои карактеристики ѕвездите им ги доделиле на нашиот знак.

Денеска ви претставуваме какви љубовници се мажите во сите хороскопски знаци.

Овен
Темпераментен и еротски. Го возбудуваат авантури и експериментирањето во кревет. Тој секогаш го диктира темпото во кревет и сака пози во кои е доминантен. Љубовта и сексот се посебни категории за него. Кога станува збор за сексот, тој точно знае што сака, ужива во предиграта и секој дел од телото на неговата партнерка и знае да претерува.

Бик
Страстен и романтичен. Тој се истакнува во уметноста на љубовта и сексуалното заведување и го возбудуваат долгите и страсни бакнежи и допири. За да постигне сексуална кулминација тој мора да биде целосно ослободен и полн со самодоверба. Преферира пози во кои е на грб или на колена и обожава долга предигра.

Близнаци
Мажот роден во знакот на Близнаци е во потрага по личност која може да му пружи интелектуално и сексуално задоволство. Тој обожава авантури и така се чувствува и кога станува збор за сексот. Го возбудуваат гласот и изгледот на партнерката, а во сексот е подготвен да достигнете оргазам во сите акробатски пози

Рак
Ракот е романтичен и се препушта на вистинско задоволство само кога се чувствува сакан. Сака нежност и долга имагинативна предигра. Изгледот и нежните бакнежи се неговите слабости, а тој ја гледа сексуалната кулминација како чин на предавање, па затоа му треба и емоционална поврзаност.

Лав
Енергичен и темпераментен. Лавот многу бара, но исто така е и многу дарежлив и издржлив љубовник. Неговиот сексуален апетит е многу изразен, а за време на сексот кај него наизменично се менуваат енергичноста и нежноста. Лавот е способен да ги оддели емоциите и сексот, а омилени пози му се оние во кои може да ја покаже својата сексуална доминација.

Девица
Припадниците на овој хороскопски знак се строги и пристојни на прв поглед. Но, ослободувањето на нивните емоции доаѓа со трпеливост и љубов. Стилот и техниката во сексот им се многу важни, бараат умереност во сè и внимава на секој детаљ. Мажот Девица сака префинети работи, па партнерката во секси долната облека му причинува особено задоволство.

Вага
Вагите уживаат во играта на заведување и добро ги познаваат различните „љубовни магии“ за освојување на партнерката. Бараат целосно предавање и очекуваат посебен третман. Тие претпочитаат елегантни стилови и имагинативни пози. Изливи на нежност и страсни бакнежи ги водат кон сексуални фантазии.

Скорпија
Мажот Скорпија е крал на трансформацијата. Во еден момент, тој се претвора од нежен заводник во страстен љубовник и може да биде истовремено мистериозен и емотивен. Може да ги оддели емоциите и сексот, но во тоа што ќе го избере секогаш дава максимум. Тој е голем љубовник и поседува неверојатна страст. Сака предизвици што му го зголемуваат адреналинот.

Стрелец
Темпераментен, импулсивен и по потреба – провокативен. Тој точно знае што бара во кревет и е многу оригинален. Во неговото однесување се гледа потребата од авантура, доминација и возбуда. Понекогаш изгледаат нескротливо, но целосно се препуштаат на возбудувањето на љубовта сè додека нема рутина и предвидливост.

Јарец
Тој има високи критериуми за тоа што значи сексуално задоволство и постојано ја зголемува својата листа на барања. Тој е строг и воздржан во изразувањето на своите чувства, но може да биде и емотивен кога чувствува максимална сигурност. На трпелив и безбеден начин, Јарецот го добива она што го сака во сексуалната врска и повеќе сака да прима отколку да пружа задоволства. Сака класични пози, а жените со поголемо сексуално искуство од него го плашат и привлекуваат истовремено.

Водолија
Мажот Водолија е волшебен љубовник кој понекогаш не е ни свесен за својата еротичност. Сака интелектуална стимулација што води кон сексуална кулминација. За него, сексот е комбинација на необично емотивно и еротско искуство. Сака експерименти во кревет и стоечки пози.

Риби
Тие се романтични и целосно ги уживаат своите чувства. Емоционалната екстаза во нив ослободува еротски фантазии. Ги возбудуваат позите на страна, полни со нежност и допири. Нивната имагинација ги надминува стандардните рамки, па сексот со нив е остварување на фантазиите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts