vesti24.mk
ЗАБАВА

Семејствот ослободило заробен кит, но не очекувале да им се заблагодари на тој начин! (ВИДЕО)

ECA

Семејство ослободило заробен кит за кој се сомневале дека е мртва, и тој им се заблагодарил на прекрасен начин.

Мајкл Фишбек и неговото семејство се големи љубители на животни. Всушност, Мајкл е ко-основач на „The Great Whale Conservancy“, кој е посветен на зачувувањето на китовите. Една зима, семејството добило наградно патување во Калифорнискиот Залив за да можат да фотографираат ретки китови, но таму наишле на нешто трагично. Грбав кит лебдел на водата, не движејќи се. Семејството се сомневало дека е мртов.

Му пришле да видат дали е жив. Тие мислеле да се свртат, но тогаш кит издивнал. Тие сфатиле дека може да има малку шанси да го спасат. Мајкл скокнал во водата за да види дали може да помогне.

Тој видел дека животното е заглавено во мрежа и не може да се ослободи. Тој се обиде да му покаже на кит дека ќе стори се’ што може за да го спаси.

Иако китот бил заробен, сепак бил многу силен, па Мајкл морал да биде многу внимателен ако сакал да остане жив. Тој внимателно го прегледал китот. Неговите перки беа испреплетени, а мрежата ги влечела надолу.

Мајкл успеал да ослободи една перка, но тоа не било доволно.

Семејството се обидело да повика помош, но тие не добиле јасен одговор за тоа дали помошта навистина ќе дојде, па решиле да ги преземат работите во свои раце.

Мајкл се обиде да ја исече мрежата околу перките. Тоа било многу тешка работа, но Мајкл успеал. Китот сега можел малку да плива, но тој сепак ја влечел мрежата. Така, семејството морало да го следи кит повеќе од 100 метри.

Кога китот се заморил, семејството продолжило да ја сече мрежата. После половина час, послободиле уште една перка. Сега на редо била опашката. Тоа бил најтешкиот дел од работата. Целото семејство дало се од себе за да го ослободи китот. На крајот, тие успеале. Китот пливашл повеќе од 100 метри, а потоа скокна од водата како да им кажал „благодарам“ на семејството што го спаси.

Мајкл и неговото семејство биле многу уморни и истоштени. Но, нивните напори вродиле со плод – китот бил слободен и продолжил да скока на водата близу нив.

Во текот на следниот час, китот кого семејството го нарекло Валентина, го следел нивниот брод и постојано се појавувал над површината – очигледно дека тој бил многу благодарен на ова прекрасно семејство.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts