vesti24.mk
ВЕСТИ

Се огласи македонската Џудо федерација за случајот со приведувањето на поранешниот тренер обвинет за злоставување малолетнички

ECA

Македонската Џудо федерација во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, со обвинувања за злоставување малолетнички, денеска во реакција преку соопштение потенцираат дека очекуваат брзо разрешување на случајот.

– Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи. Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт, се наведува во соопштението од канцеларијата на Џудо федерација на Северна Македонија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts