vesti24.mk
ЗАБАВА

Се празнува Св. маченичка Анисија

ECA

Денеска е Св. маченичка Анисија.

Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род.

Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога. Набргу умреа нејзините родители и таа го наследи нивното огромно богатство.

Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и почна да им служи на бедните, затворените, болните и на сите што се наоѓаа во некаква мака. Света Анисија пострада од еден разбеснет војник кога одби да им принесе жртва на идолите. Тоа се случи во 298 година.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts