vesti24.mk
ЗАБАВА

Се празнува Св. свештеномаченик Вавил

ECA

Свети Вавил беше епископ на црквата во Антиохија за време на царувањето на Нумеријан.

Прекрасен човек, епсикоп со совршена грижа за црквата. Имаше толку силна вера во Бога и таква бестрашност, што во една прилика на самиот Нумеријан не му дозволи да влезе во црквата зашто беше незнабожец.

Овој, пак, беше познат по својата жестокост и не можеше да ја заборави случката. Го повика Вавил да принесе жртва пред идолите, а кога овој одби, го погуби.

Заедно со свети Вавил, Нумеријан ги погуби и трите момчиња од антиохиската црква Урбан, Прилидијан и Еполиниј. Најстар беше Урбан имаше 12 години.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts