vesti24.mk
ЗАБАВА

Се роди Африканско диво магаре во зоолпшка градина во Велика Британија

ECA

Во зоолошката градина Марвел во областа Винчестер во Велика Британија, се роди примерок од еден од најретките и најзагрозени животински видови на планетава – африканското диво магаре.

Се верува дека во дивината денес има помалку од 600 африкански диви магариња, со што тие спаѓаат во загрозени видови. Според претставници на зоолошката, младенчето е здраво и сè е во најдобар ред, како и со неговите родители Јазара и Ларс.

– Малото диво магаре е исклучително важно за нашата зоолошка градина. Чуварите сè уште не знаат дали е машко или женско, така што тоа сè уште нема име, рече директорот на зоолошката, Ијан Годвин.

Видот „еquus africanus somaliensis“ се диви магариња претставени со мала група кои живеат во заштитен Национален парк во северна Етиопија, и уште помал број што живеат во Еритреја и Сомалија.

Покрај дивото магаренце, во зоолошката неодамна се родени и две планински зебри.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts